Поради двојник невин лежел во затвор 17 години

Сподели со своите пријатели

Ричард Ентони Џоунс ослободен е од затвор по 17 години поради злодело кое не го сторил, бидејќи бил пронајден човек кој неверојатно личи на него.

Осуден е во 1999 година на 19 години затвор поради тешка кражба, но секогаш тврдел дека е невин. Прогласен е за виновен за кражба во продавница врз основа на сведочење на очевидци и покрај тоа што немало никаков физички доказ ниту ДНК трага која го поврзува со злосторот.

Секој обид на жалба пропаднал.

Меѓутоа во затворот другите осуденици му рекле за човек по име Рики кој многу личел на него, а во 2015 година Џоунс за тоа рекол во „Midwest Innocence Project“, организација која се занимава со ослободување на невино осудени лица.

Групата открила дека Рики живее во близина на местото на злосторот во Канзас Сити во Канзас, додека Џоунс живеел во Канзас Сити во Мисури. Адвокатите на Џоунс исто така тврделе дека тој бил со својата девојка и нејзиното семејство во моментот на грабежот.

Кога ја видов фотографијата од својот двојник се ми стана јасно одеднаш – рекол Џоунс.

Минатата среда сите поротници на случајот заедно со жртвата на грабежот повторно биле повикани на суд. Откако ги погледнале фотографиите на двајцата никој повеќе не можел да каже со сигурност дека Џоунс го починил делото.

На основа на тоа, судијата Кевин Моријати наредил Џоунс да биде ослободен.

 

Loading...