Управата на аеродромот во Хонг Конг ги суспендираше сите преостанати летови планирани за понеделник поради продемократските протести на терминалот.
Властите велат дека се суспендирани сите летови од и кон аеродромот на големиот сообраќаен јазол откако илјадници демонстранти влегле во салата за пристигнувања на аеродромот.
Патиштата кон аеродромот се затворени, а паркинзите преполни.
Се почести се немирните протести во Хонг Конг, една од најтешките политички кризи во изминатите децении го тресе овој кинески протекторат и претставуваат се поголем предизвик за официјален Пекинг.
Демонстрациите, кои започнаа поради контроверзниот закон за депортација, се прошија на повик на демократската реформа и за независна истрага на полициското делување при демонстрациите.
Во протестите се бара, меѓу другото, оставка од Кари Лам, лидерката на оваа кинеска територија, како и избори за нејзиниот наследник.
Хонг Конг е поранешна британска колонија која во 1997 година е вратена на Кина според принципот „една држава, два системи“.