Поради дефект во електро дистрибутивниот систем, без електрична енергија останаа неколку села во кумановскиот регион: Канарево, Бајловце, Свиланце, Драгош, Алинце, Војник, Старо Нагоричане, Руѓинце, Сув орах, Облавце и Карпино, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Обемот и карактерот на дефектот не се наведени, но се очекува екипите наскоро да го отстранат дефектот и да се нормализира снабдувањето.
