Поради бизарна мутација ги нарекуваат „луѓе ноеви“. Запознајте го мистериозното племе од Африка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Припадниците на африканското племе Дома или Вадома живеат во централната провинција Машоналенд во Зимбабве и се познати по нивните ловечки вештини и законите што ги практикуваат.

Loading...

 

 

Во оддалечените делови на Африка не е невообичаено да се видат боси луѓе, но во овој случај тоа е посебен феномен.

Имено, Вадомите се познати и како „луѓе ноеви“ поради нивните деформирани стапала, кои се резултат на ретка генетска состојба – ектродактилија.

Мутацијата вклучува отсуство на еден или повеќе прсти при раѓањето и се верува дека се јавува кај секое четврто дете во ова африканско племе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Својата височина ја претворила во пари: Момчето го носи на грб, а заработува со долгите нозе! (ВИДЕО)

На повеќето им недостигаат три средни прсти, додека надворешните се свртени навнатре.

Loading...

Законите на заедницата не дозволуваат нејзините членови да се венчаат надвор од групата, иако случаите на мутација се присутни и во други региони.

Според достапните информации, Вадомите не гледаат на мутацијата како попреченост, и покрај фактот што го отежнува одењето, а особено трчањето.

Од друга страна, наводно, им го олеснува качувањето на дрвја, што може да биде корисно за ловците.