Популарни диети кои се многу штетни

Сподели со своите пријатели

Секој сака да изгледа добро. Убавата фигура, сепак не е лесно достапна за сите. Кај многу луѓе таа се постигнува тешко по цената на драстични диети и исцрпувачки вежби. Ефектот обично е привремен, а килограмите се враќаат наскоро откако ќе се запре прехранбениот режим.

Затоа велат дека здравата исхрана треба да е начин на живот на долг рок, а не да е привремен напор. Но, понекогаш тоа е тешко да се имплементира.

Ако сте решиле да прибегнете до некоја од познатите диети, видете зошто не треба тоа да го правите. Краткорочните диети имаат многу штетни влијанија врз организмот.

Многу ниско јаглехидратна диета

Секоја диета која подразбира прием меѓу 400 и 800 калории на ден е ужасно штетна. И не само затоа што ќе чувствувате глад цело време, туку и поради тоа што ќе се измеша целиот ваш метаболизам.

Кога организмот не ги добива потребните калории за денот, тој се препушта на режим на чување. Енергијата која му е потребна почнува да се набавува од мускулите и масните депоа.

Кога мускулната маса ќе се намали, тоа го тера телото да престане да согорува калории во мирна состојба, бидејќи добро одржуваната мускулна маса го прави токму тоа. Неминовно метаболизмот ќе се забави и дури ризикувате да почнете да се дебелеете и од малкуте калории кои ги внесувате.

Нискојаглехидратна диета

Ситуацијата со нискојаглехидратната диета е слична на драстичниот нејзин еквивалент. Кога внесувањето на јаглехидрати ќе се намали, организмот почнува да ги согорува резервите на гликоген (складирани јаглехидрати).

Карактеристично за оваа диета е дека наскоро по прекинот килограмите се враќаат многу брзо. Дури може да се покаже како токсична, бидејќи претпоставува акцент на протеини. А високата содржина на животински протеини во организмот крие ризик од болести на срцето, црниот дроб, жолчката, како и води до висок холестерол.

Исхрана според крвната група

Оваа диета се базира на сфаќањето дека човек треба да јаде храна која одговара на неговиот профил, создаден според крвната  група . Односно храната што ја јадеме прави хемиска реакција со нашата крвна група и ако не е соодветна, таа се акумулира во форма на прекумерна тежина. Најчесто кај оваа диета се препорачува избегнување на лебот и млечните производи со акцент на посно месо, овошјето и зеленчукот.

На краток рок оваа диета е ефикасна и помага да симнете килограми, бидејќи се насочени првенствено кон здрави производи. Но, долгорочно истражувањата покажуваат дека крвната група нема никаква врска со храната. Нема причини да се мисли дека оваа диета може да помогне на варењето и да го забрза метаболизмот.

Гладување во одреден ден од седмицата

Периодичните гладувања се честа практика. Многу луѓе мислат дека на тој начин се ослободуваат од токсини и го прочистуваат организмот. Во ова верување нема ништо точно.

Единствено што постигнувате е да му причините на своето тело огромен стрес. Организмот паѓа во шок, кој вие не го чувствувате – чувствувате само глад. Но, на клеточно ниво работите се многу полоши. Понекогаш може да се стигне дури до сериозни надворешни манифестации – вртоглавица, несвестица, гадење, замор, вртоглавица.

Овој начин на “прочистување” е многу заостанат, бидејќи веднаш штом ќе почнете да се храните нормално, следниот ден сите внесени калории се складираат во форма на масни депоа за следното празнење гладување.
Така дури и не слабеете.

Loading...

Детоксикациски диети

На многумина може и да не им се верува, но нашето тело има механизам за детоксикација, кој го користи секој ден. Не треба да следите било какви краткорочни диети, за да се отстранат токсините во организмот.

Тие се појавуваат секој ден од него благодарение на црниот дроб и уринарниот систем. Токсините се акумулираат само ако некој од органите на уринарниот систем или црниот дроб не работат нормално.

Детоксикациските диети го оптоваруваат црниот дроб, слезината, бубрезите, жолчката, дебелото црево и ги тераат да не можат да работат како што треба.

За да ги намалите навистина токсините во телото, јадете секој ден по една порција интегрална храна. Тоа е многу поефикасно од било какви еднодневни или неколкудневни “прочистувачки” режими.