Поплавите во Бангладеш загрозија два милиони луѓе

Сподели со своите пријатели

Повеќе од два милиони луѓе се загрозени поради монсунските дождови и излевањето на реките во Бангладеш, а ситуацијата може да се влоши, најавија властите.

Loading...

На цивилите заробени во поплавите, меѓу кои и повеќе од 772.000 деца, итно им е потребна помош, соопшти УНИЦЕФ, пренесе Ројтерс.

– Децата претставуваат најранлива категорија и се изложени на зголемен ризик од неухранетост, заразни болести, трауми поради напуштање дома – се додава во соопштението.

Поплавите досега однесоа најмалку десет животи откако предизвикаа лизгање на земјиштето во јужен Бангладеш.

Оваа земја се уште се опоравува од разорниот циклон што го погоди јужниот дел на Бангладеш на крајот на минатиот месец, потсетува Ројтерс.

Поплавите нанесоа големи штети на инфраструктурата и повеќе од 800 државни училишта се поплавени, а 500 од нив се користат како засолништа за раселените, соопшти УНИЦЕФ.

Нанесени се и големи штети на посевите, соопшти Министерството за земјоделство.