Поплави во Грција, едно лице загина

Сподели со своите пријатели

Еден човек загина во поплавите во Волос, централна Грција, откако бурата Даниел ја погоди Тесалија.

Loading...

Пожарникарите добиле повик да спасат едно лице во Волос, но кога пристигнале нашле мртов маж, објави „Катимерини“.

Според прогнозата на метеоролозите, во тој дел на Грција се очекуваат врнежи во следните 24 часа, а синоќа беше исклучително обилен во Волос и цела Тесалија.

Јавните и општинските служби во Волос и Тесалија денеска се затворени поради лошото време и поплавите.

Во центарот на градот Волос поплавени се сите патишта, блокирани се стотина автомобили, а во прекин е и јавниот превоз.

Поплавено е и приморското одморалиште Милина, на југот на полуостровот Пелион, а проблеми има и со снабдувањето со електрична енергија во тој реон.

Водотекот Крафсидонас, кој минува низ Волос, ги надмина граничните нивоа на заштита од поплави за повеќе од три метри.

Градоначалникот на Волос, Ахил Беос и регионалниот шеф на Тесалија, Костас Агорастос, упатија апел до граѓаните да останат во своите домови поради временските неприлики.

Loading...

Невремето го зафати и Солун, а засега нема информации дека предизвикало некакви проблеми.