Поплави во дел од Кина, загрозени скоро пола милион луѓе

Сподели со своите пријатели

Источната кинеска провинција Џиангси е погодена од поплави предизвикани од бурните дождови, кои предизвикаа евакуација на околу 14.000 луѓе досега.

Loading...

497.000 луѓе се во опасност од поплави во седум области во покраината, објави Канцеларијата за вонредни ситуации во таа покраина.

Националниот штаб за борба против поплави и суши испрати работна група во провинцијата Џиангси за да управува со спасувачките операции, јавува Кинеското меѓународно радио.

Неколку спасувачки тимови, вклучително и оние од војската и полицијата, се исто така испратени во Џиангкси.

Поплавени се околу 67.700 хектари под посеви, а директната штета надмина 75 милиони американски долари, соопштија локалните власти.