Поплавени земјоделски површини во липковско, врнежите продолжуваат

Сподели со своите пријатели

Земјоделски површини биле поплавени во атарот на липковското село Опае, откако се излеа Слупчанска река.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, засега нема пријавени материјални штети.

Поплавени земјоделски површини, како што додаваат, има и во селото Оризаре.

Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на река Кумановка има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката.

Екипите на АД „Водостопанство Кумановско-липковско поле“ денеска интервенираат на расчитување на собраниот смет.

Во меѓувреме зголемен водостој бележат сите реки во кумановско, а според мерењата на УХМР, река Пчиња во атарот на селото Пелинце за едно деноноќие пораснала за 24 сантиметри. Нејзиниот водостој утринава бил 84 сантиметри, но засега состојбата е стабилна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  25-годишник загина на патот Куманово – Крива Паланка, откако удрил куче скитник

Меѓутоа, врнежите ќе продолжат и денес и ноќва, поради што УХМР има прогласено жолт метео аларм.

– Денес во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Утре претпладне ќе дува засилен повремено силен ветер од јужен, а попладне од северен правец, велат од УХМР.

 

 

И утре ќе има врнежи кои повремено наместа ќе бидат пообилни, велат синоптичарите.

На планините утре врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Во источните делови ќе има услови за ретки грмежи. Ќе засилен повремено силен северен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КФСМ им се заблагодари на Куманово и Кумани за фер и спортско навивање

Нови врнежи од дожд се очекуваат веќе во петок.

Никола Ивановски