Попладне ветер и до 100 километри на час

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста проследено со слаби врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.

Како што додаваат од УХМР, попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер (локално со брзина и над 100 км/час) што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата.

Минималните температури се движат од 0 до 9, а максималните од 15 до 23 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умернео облачно време. Ќе дува умерне до засилен северен, односно северозападен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне 18 степени целзиусови.

Во четврток се уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.

Leave a Reply