Попладне услови за врнежни од дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во ноќните часови врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а кон крајот на денот од северозападен правец. Температурата ќе достигне од 5 до 12 степени. Во Скопје променливо облачно, попладне со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне 9 степени.

Утре ќе преовладува облачно и постудено време, околу пладне и попладне со повремени врнежи од дожд, а на планините со снег. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а во вечерните часови врнежите ќе се поместат на исток. Поради нагло заладување проследено со засилен северен ветер, кон крајот на денот врнежите ќе поминуваат во снег и на повисоките места, а во текот на ноќта провејување на снег е можно понекаде и во пониските делови на крајниот север и на крајниот исток од земјава.

Во понеделник наутро се уште ќе има провејување на снег во северните и источните делови, а преку денот ќе биде суво, студено и ветровито со силен северен ветер.