Попладне услови за невреме. Жолт метео аларм за кумановско!

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со услови за нестабилност проследена со грмежи и дожд.

Ќе дува слаб до умерено засилен јужен ветер.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе достигне 23 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец измамен за 1.700 долари

Од страна на УХМР за регионот на Куманово е издадено и жолто метео предупредување за опасност од невреме со грмотевици.

 

 

Слично време ќе имаме и утре, а нови врнежи од дожд веќе од сабота.

Никола Ивановски