Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален краткотраен дожд и со услови за појава на грмеж, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури ќе се движат од 3 до 10, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 17 до 24 степени целзиусови.
Пораст на дневната температура ќе бележи и кумановскиот регион каде денеска ќе имаме максимална вредност од 19 степени целзиусови. Ќе биде сончево со повремени наоблачувања и можни грмежи во попладневните часови. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец.
Во наредните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има зголемување на облачноста, со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во сабота кога нестабилноста ќебиде поизразена. Температурата на воздухот ќе биде во постепено покачување.