Сончево и топло со слаб до умерен јужен ветер. Попладне во северните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 28 степени.
Утре ќе се задржи претежно сончево и топло време, попладне во планинските предели ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.


