Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч.) и услови за појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 30 до 37 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент осум.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време во претпладневните часови. Попладне се очекува зголемување на облачноста што ќе донесе нестабилност проследена со врнежи од дожд и електрични празнења.
Температурата денеска низ кумановско ќе се движи од утрински 17 степени до максимални 33 степени целзиусови во текот на денот.

Како што додаваат од УХМР, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Температурата ќе биде во постепено опаѓање.

Никола Ивановски

