Понудил 20 евра поткуп: Грузиец приведен на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Државјанин на Грузија бил приведен викендов на Граничниот премин Табановце, оти понудил мито од 20 евра.

Loading...

– На 09.03.2024 во 15.55 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Р.Ш.(39) од Република Грузија поради сторено кривично дело нудење поткуп, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, како што појаснуваат од полицијата, тој на граничниот премин дошол со патничко возило „киа“ со грузиски регистарски ознаки, а во приложените документи за пасошка контрола ставил банкнота од 20 евра.

–  Р.Ш. е лишен од слобода, а утврдено е и дека зелениот картон што го приложил е фалсификуван, стои во соопштението на МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово

По документирање на случајот, додаваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски