Додека Северна Америка се подготвува за првото тотално помрачување на Сонцето во последните 38 гоини, група која ја сочинуваат луѓе кои се убедени дека Земјата е рамна со нетрпение очекуваат „уште еден доказ“ дека живееме на плоча.
Првото тотално помрачување на Сонцето од 1979 година, жителите на Северна Америка ќе имаат можност да го набљудуваат на 21 август. За неколку моменти Месечината преминувајќи помеѓу Сонцето и Земјата ќе ја прекрие ѕвездата.
Сепак, мала група луѓе целосното помрачување на Сонцето не го гледаат како природен феномен кој е резултат на ротацијата на Земјата, Сонцето и Месечината, туку како доказ дека нашата планета е рамна плоча.
Како наведуваат оние кои веруваат во таа приказна, постојат две теории кои ги доведуваат во врска помрачувањето и изгледот на планетата на која се наоѓаме. Првин се уверени дека, доколку Земјата се врти во правец запад-исток, тогаш патеката на тоталитетот (тесен појас низ кој е видливо помрачувањето) би требало да се движи во спротивна насока. Меѓутоа, тоа не е така, затоа што орбиталната брзина на Месечината е поголема од Земјината ротација што значи ека сенката која Месечината ја прави се движи од запад кон исток.
Второ, убедени се дека сенката која Месечината ја фрла на Земјата мора да биде далеку поголема. Исто така, оваа група верува дека заштините мерки кои НАСА ги препорачува при набљудување е план на Агенцијата да спречи луѓето да видат што се случува на небото.
Сепак, факт е дека гледањето во Сонце, дури и краткотрајно може трајно и сериозно да го оштети видот.
Оваа теорија ги отфрла научните сознанија, а како аргумент го користат личното убедување дека ако човековото око ја гледа Земјата како рамна, тогаш таа мора да биде рамна.
Loading...