Помогнете му на телото да се избори со топлото време

Сподели со своите пријатели

Температури над 40 степени ја зафарија Македонија и регионот. Не се за изненадување со оглед на летниот период, но за човековиот организам таквите високи температури се голем предизвик.

Многумина не ги слушаат советите да не излегуваат по сонце, така да лекарите имаат преполни раце работа.

Чувствителноста на организмот на временските екстреми може да се намали со престој во природа, подолго спиење, правилна исхрана и внесување доста млако разладени течности. Лекарите потсетуваат дека сите, а особено оние со хронични зболувања што помалку треба да престојуваат на отворено во текот на денот и редовно да ја земаат препишаната медицинска терапија.

Кога е топло, на организмот најмногу му одговара храна која е освежителна -разладено овошје и зелнчук, незасладени сокови и вода.

Мрснат аи тешка храна треба да се избегнува затоа што го оптеретува системот органи за варење на храната. Во овој период на телото добро ќе му дојдат свежи салати од овошје и салати од зеленчук со маслиново масло, но и лута храна.

Едно од најдобрите освежувања за време на врелите ледни денови, а ќе се согласат и леакрите, е лубеницата.

Не го разладувајте премногу просторот во кој престојувате затоа што температурната разлика кога ќе излезете надвор додатно ќе го оптерети организмот, порачуваат експертите.

 

Loading...