Помирна ноќ во Франција, Макрон одржа итен состанок на владата

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон им наложи на министрите на синоќешното итно заседавање на владата, министрите „да продолжат да прават сè за да го воспостават редот и да гарантираат враќање на безбедноста и мирот во француските градови, каде што немирите предизвикани од полициското убиство на малолетникот Наел М.

Loading...

Претседателот на Франција посочи дека „владата мора да продолжи да биде деноноќно со полицијата, жандармите, судиите, службениците и пожарникарите“.

„Ние мора прво да одвоиме време за да ги квалификуваме настаните пред да донесеме заклучоци“, им рекол шефот на државата на највисоките француски претставници.

На барање на Макрон, премиерката Елизабет Борн денеска ќе ги прими претседателите на пратеничките групи во Националното собрание, јави БФМТВ.

Изминатата ноќ беше помирна од претходната и полицијата приведе само 78 злосторници, речиси 10 пати помалку отколку ноќта од саботата кон неделата.

Во Париз беа уапсени 20-тина демонстранти, но на местата каде што претходните денови жестоко се судрија демонстрантите и полицијата, синоќа беше релативно мирно, јавува БФМТВ.

Само во ноќта од саботата кон неделата се уапсени 719 лица, повредени се 45 полицајци и жандарми, опожарени се 577 возила и 74 објекти, а на јавните патишта евидентирани се 871 пожар, соопшти француското МВР.

По приемот на премиерката Елизабет Борн и седуммина министри во недела навечер, претседателот Емануел Макрон денеска ќе се сретне со претседателот на Сенатот, Жерар Ларше, а потоа и со Јаел Браун-Пиве, претседател на Националното собрание.

Loading...

Во вторник Макрон ќе прими и 220 градоначалници и претседатели на општини во Елисејската палата, каде во изминатите неколку дена демонстрантите жестоко се судрија со полицијата и запалија автомобили и куќи, соопшти претседателската администрација, пренесува Танјуг.