Поминав пет минути во најтивката соба на светот и скоро полудев (видео)

Сподели со своите пријатели

Репортерот на „Business Insidera“ имал можност да биде пет минути во соба со инжинер од „Мајкрософт“ и како наведува само што не го изгубил паметот.

„Мајкрософт“ изградил тивка соба, т.н. „соба без ехо“ за да успеат да им помогнат на оние кои се занимаваат со изработка на звучници за таблети и паметни телефони до оние кои се занимаваат со подобрување на Скајп повиците, без никаква врева од надворешниот свет.

Меѓутоа, компанијата не сакала тивка соба, тие ја барале најтивката и во тоа успеале.

Кога вратата на комората се запечатиле, новинарот вели дека веднаш ја забележал разликата. Сите звуци наоколу исчезнале, а нормалното зборување станало шепотење, звукот многу тешко патувал, затоа што не постои можност за одбивање од ѕидовите.

Инжинерот на „Мајкрософт“, Гопал потоа барал тотала тишина од репортерот, кој се нашол во чудо откако зачекорил во оваа просторија.

Беше скоро опсесивно мирно и тивко, а некое чудно зуење ги преплави моите уши. За само 20 секунди, чувствував како главата да ми е изолирана пештера, се чувствував дезориентирано и не можев да издржам – вели репортерот Марк Веинбергер.

Кога Гопал започнал повторно да зборува, Марк истакнува дека и натаму чувствувал дезориентираност. Инжинерот објаснил дека тоталната тишина е благодет кога се обидувате да тестирате суптилни звуци од некои уреди.