Куманово бележи помала излезност на денешното гласање до 17 часот, во споредба со парламентарните избори одржани во декември 2016 година.
Денеска заклучно 17 часот во Куманово своето право на глас го оствариле 36,46% од граѓаните, додека на минатите избори до 17 часот гласале 57,43 отсто од граѓаните.
Значително помала излезност се бележи и во Липково и тоа дури за 15 отсто. Ако во 2016 година до 17 часот гласале 46,31 отсто од граѓаните, денеска до 17 часот тоа го сториле 31,22 отсто од граѓаните.
И Старо Нагоричане бележи драстично помала излезност во споредба со минатиот изборен циклус. Во 2016 година гласале 56,92 отсто од граѓаните, а денеска до 17 часот тоа го сториле 36,96%, што е помалку за околу 20 отсто.
Сепак на овие избори различно е и тоа што гласањето ќе трае два часа повеќе односно, наместо до 19, избирачките места ќе бидат затворени во 21 часот.
Никола Ивановски