Полуидентични близнаци по втор пат во светот

Сподели со своите пријатели

Лекарите во Австралија документирале многу редок случја на „полуидентични близнаци“ и се верува дека ова е дури втор пат во светот.

Loading...

Момчето и девојчето, кои сега имаат четири години, до Бризбејн, идентични се по страната на мајката, но делат само дел од татковата ДНК, што ги сместува меѓу идентични и близнаци по татко. Лекарите велат дека ова е исклучително редок феномен, а ембрионите во вакви случаи често не преживуваат.

Професорот Николас Фиск, кој го предводел тимот кој се грижел за мајката и децата во болницата во 2014 година, рекол дека лекарите за време на рутинскиот преглед откриле дека се работи за полуидентични близнаци. Ова е прв пат полуидентични близнаци да бидат идентификувани за време на бременост.

На дваесет и осумгодишната мајка ова била прва бременост, а децата се зачнати по природен пат.

Случајот е објавен во медицинското списание „The New England Journal of Medicine“.

Идентичните близнаи се со ист пол и делат исти гени и физички карактеристики, додека полуидентичните близнаци се развиваат кога едната неоплоден јајце клетка се дели пред оплодување и тогаш ја оплодуваат два одвоени сперматозоиди.

Неидентичните близнаци можат да бидат со ист или различен пол и не личат меѓусебно ништо повеќе во однос на брат и сестра родени во различни временски периоди.

Во овој случај, дошто до три сета хромозоми, а не до стандардните два, и тоа еден од мајката, а два од таткото. Близнаците во овој случај обично не преживуваат поради три сета хромозоми кои не се компатибилни за живеење.

Loading...

фото: илустрација

Leave a Reply