Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави за британски Телеграф дека рускиот лидер Владимир Путин е поопасен од Адолф Хитлер и Јосиф Сталин.
Моравиецки рече дека монструозните идеологии на Путин се смртоносна закана за Европа и мора да бидат искоренети.
Русија ги прекина испораките: Бугарија ќе добие американски гас од јуни
– Путин не е ниту Хитлер ниту Сталин. За жал, тој е уште поопасен. Не само што располага со повеќе смртоносно оружје, туку и нови медиуми кои ја шират неговата пропаганда.
Не смееме да имаме никакви илузии. Ова не е негово лудило, туку намерна стратегија која веќе ја отвори вратата за геноцид. „Рускиот мир“ е рак кој го зафати не само поголемиот дел од руското општество, туку е смртоносен за цела Европа – рече Моравиецки.