Полски борбени авиони МиГ-29 пресретнале руски авион Ил-20, кој без доставен план за летање и со исклучен транспондер вршел извидувачка мисија во меѓународниот воздушен простор над Балтичкото Море, соопшти денеска полската армија.
„Полските ловци пресретнаа авион Ил-20 кој вршеше извидувачка мисија во меѓународен воздушен простор, без доставен план за летање и со исклучен транспондер“, соопштија од армијата, пренесоа регионалните медиуми.
Авионот не го нарушил полскиот воздушен простор, се наведува во соопштението за медиумите.
„Благодарение на високата борбена готовност, професионалноста на пилотите и ефективно функционирање на системот за противвоздушна одбрана, мисијата беше изведена брзо, ефикасно и безбедно.
Заштитата на полското небо не е само обврска, туку и секојдневна мисија на нашите војници кои со целосна посветеност ја чуваат безбедноста на нашата земја.
Вооружените сили на Република Полска остануваат во постојана готовност за да одговорат на каква било закана и да го заштитат суверенитетот на полскиот воздушен простор“, се вели во соопштението.
Од Кремљ се уште не се изјасниле, а за овој настан не известуваат ниту руските државни медиуми.
28 października 2025 roku para dyżurna myśliwców MiG-29 🇵🇱 Sił Powietrznych dokonała skutecznego przechwycenia, identyfikacji wizualnej oraz eskortowania z rejonu odpowiedzialności samolotu Federacji Rosyjskiej, który wykonywał lot nad Morzem Bałtyckim.
Polskie myśliwce… pic.twitter.com/oKNh8LRFRX
— Dowództwo Operacyjne RSZ (@DowOperSZ) October 29, 2025

