Полска започна лотарија за да ги мотивира луѓето да се вакцинираат: Над 270.000 долари за најсреќниот

Сподели со своите пријатели

Полска започнува лотарија со највисока награда вредна дури 273 000 долари со цел да го охрабри населението да се вакцинира против ковид-19.

Loading...

Помошникот министер за здравство задолжен за програмата за имунизација Михал Дворжик изјави денес дека и покрај фактот дека 69 проценти од Полјаците изјавиле дека сакаат да бидат имунизирани, најголемиот предизвик е да се спроведе и дека лотаријата чија најголема награда вреди еден милион злоти сè уште е една дополнителна мерка во тој поглед.

 

 

„Ние спроведуваме рекламна кампања во која вклучивме спортисти, актери и други влијателни лица, и покрај тоа воведуваме лотарија како дополнителен поттик“, рече Дворжик на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Лотаријата ќе биде спонзориран од државни компании и Националната полска лотарија „Totalizator Sportowy“, а секое 2.000 вакцинирано лице која учествува на лотаријата ќе освои 500 злоти, а двајцата најсреќни учесници ќе освојат еден милион злоти и хибриден автомобил.

Локалните самоуправи се охрабруваат и преку конкуренција да постигнат повисоки стапки на вакцинација, а првите 500 кои достигнуваат стапка од 75 проценти добиваат 100 000 злоти.

Loading...

Оваа иницијатива на полската влада беше критикувана од опозициските политичари, кои ја нарекоа тајно купување гласови.

 

 

Leave a Reply