Полските војници почнаа да поставуваат ограда на границата со Белорусија, додека најголемата источна членка на Европската унија презема чекори за спречување на илегалните гранични премини.
Унијата тврди дека белорускиот претседател Александар Лукашенко води „хибридна војна“ користејќи ги мигрантите за да изврши притисок врз ЕУ поради санкциите што му беа наметнати, а изградбата на ѕидот е дел од напорите на Полска да ја зајакне граничната безбедност на источната страна на ЕУ, објави Фена.
Wzmacniamy granice! Żołnierze rozpoczęli budowę ogrodzenia na granicy polsko-białoruskiej. Płot zwiększy jej szczelność i znacznie utrudni próby nielegalnego przekraczania. pic.twitter.com/QRZMzK2CZI
— Mariusz Błaszczak (@mblaszczak) August 25, 2021
„Од средата се подигнати речиси три километри ограда“, напиша полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак на Твитер, додавајќи дека речиси 1.800 војници ја поддржуваат граничната стража.
Полска вели дека Белорусија е одговорна за мигрантите.
Премиерот оваа недела рече дека Минск го отфрлил конвојот со хуманитарна помош што ја понудила Полска.