Полските власти ѝ одредија тримесечен притвор на Белорусинка осомничена за шпионажа и давање информации на белоруските безбедносни служби, а против неа е покренато обвинение, соопшти полската агенција за внатрешна безбедност.
Агенцијата наведе дека нејзините службеници привеле државјанин на Белорусија на 20 декември под сомнение дека шпионирал за белоруската специјална служба – Комитетот за државна безбедност на Република Белорусија, објави Sky News.
Агенцијата тврди дека Белорусинката веќе неколку месеци на белоруската специјална служба и давала информации за припадниците на белоруската дијаспора.
Скај њуз објави дека Полска објави дека станала главна цел на руските шпиони и ја обвини Русија и нејзиниот сојузник Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат, пренесува Танјуг.