Полска преку својата амбасада во Македонија оствари донација на прехрамбени пакети за социјално загрозените граѓани во Куманово, а тоа беше и повод за денешната работна посета на амбасадорот Војциех Тицињски.
Како што информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, донацијата се состои од 600 хуманитарни пакети кои според список од Центарот за социјална работа ќе бидат поделени на кумановци.
– Пријателството на општина Куманово со градови од Полска е веќе долгогодишно, работиме на заеднички проекти во рамките на организацијата на Асоцијајацијата на градовите носителите на порака на мирот и секако традицијата продолжува затоа што Полска беше една од државите кои своевремено вдоми најголем број од децата бегалци во перидот на грчката граѓанска војна и една од ретките држави кои уште во тој период се грижеше за македонското национално малцинство и овозможи да учат на свој мајчин јазик во тие тешки моменти, затоа сметам дека нашето пријателство треба да се негува и ова е само еден доказ дека ние во граѓаните на Полска имаме еден голем пријател, изјави Димитриевски.
Многу жители ги загубија своите работни места, затоа што Куманово беше особено погодено од пандемијата, рече амбасадорот на Полска во земјава Војциех Тицињски, кој додава дека е среќен што како држава успеале позитивно да одговорат на барањето за помош упатено од општината.
– Многу сум среќен што ние како Полска успеавме позитивно да одговориме на ова барање. Како пријател на вашата земја и помагаме на Северна Македонија и во минатото. Во реконстркцијата на Скопје по трагичниот земјотрес, помагаме и сега на пример преку Европска унија која одамна одлучи да и додели на Македонија вонредни средства во 160 милиони евра. Денес нашата амбасада му доделува на Куманово средства за набавка на 600 пакети со храна и средства за хигиена наменети за ранливите семејства, изјави амбасадорот Тицињски.
Амбасадорот им посака на кумановци ефикасна борба со пандемијата и поскоро надминување на економските и социјалните последици.
Никола Ивановски