Полска распореди 10.000 војници на границата со Белорусија

Сподели со своите пријатели

Полска распореди 10.000 војници на границата со Белорусија, изјави полскиот заменик-министер за внатрешни работи Мачеј Васик.

Loading...

„Границата значително ја зајакнавме. Покрај изградената бариера, која е од големо значење и исклучително корисен периметарски систем, сега има 10.000 војници, од кои 6.000 се во кампот, а 4.000 директно на граница. Покрај тоа, има 5.000 граничари и речиси илјада полицајци“, изјави Васик во интервју за „Полско радио“.

Десетици илјади мигранти се собраа во средината на 2021 година на границата меѓу Белорусија и Полска, како и соседните Латвија и Литванија, во обид да влезат во ЕУ.

Полските власти ја зајакнаа граничната контрола, испратија војска и ја обвинија Белорусија за „организирање на мигрантската криза“.

Минск ги отфрли обвинувањата и ја обвини Варшава за искористување на наративот за мигрантската криза за агресивно враќање на мигрантите на белоруска територија.