Полска потврди: Проектил од руско производство уби две лица

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на Полска објави соопштение во кое потврди дека проектилот што падна во село во близина на полско-украинската граница е од руско производство.

Loading...

„На 15 ноември 2022 година беше во тек уште едно масовно гранатирање на целата територија на Украина и нејзината критична инфраструктура, извршено од вооружените сили на Руската Федерација. Тоа траеше неколку часа. Во 15:40 часот во селото Пржеводов, во провинцијата Хрубиесов во војводството Лублин паднал проектил од руско производство и усмртил државјанин на Република Полска. Во врска со овој настан министерот за надворешни работи Збигњев Рау го повикал рускиот амбасадор и од него побарал итна и детална објаснување за овој настан“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски ја повика меѓународната заедница да го зголеми притисокот врз Русија