Полска обвини тројца мажи за планирање напад врз училиште инспириран од норвешкиот убиец Брејвик

Loading...
Сподели со своите пријатели

Полска обвини тројца 19-годишни мажи осомничени за собирање пиротехника и планирање терористички акции, вклучително и напад врз училиште, инспириран од масовни убијци како Норвежанецот Андерс Брејвик, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.

„Се чини дека биле фасцинирани од идеологијата што шири тероризам, од оние сериски убијци кои, како во случајот со Норвешка, убија десетици луѓе“, изјави портпаролот на министерството Јацек Добжињски за новинарите.

„Се чини дека сакале да направат нешто слично и овде во нашата земја“, додаде тој, како што објави Ројтерс.

Во најлошото мирновременско злосторство во Норвешка, Брејвик, антиисламски неонацист, уби 77 лица во 2011 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УНХЦР: 122 милиони раселени лица, главна причина се војните

Прво уби осум лица со автомобил-бомба во Осло, а потоа уби уште 69, претежно тинејџери, во младински камп на Лабуристичката партија на островот Утоја.

Добжињски одби да коментира за извештаите на локалните медиуми дека осомничените планирале напад врз училиште во северниот полски град Олстин.

Претходно на социјалната мрежа, X објави дека осомничените собираат информации за ракување со огнено оружје, позиции за гаѓање и борбени операции на отворени и затворени простори.

Тие посетувале стрелишта и поминале воено-тактичка обука, покажа истрагата во Олштин.

Loading...

За разлика од некои други европски земји, Полска не доживеала ниту еден терористички напад во својата модерна историја.

Одлуката да се покренат обвиненија против тројцата млади мажи доаѓа во време кога Австрија ги оплакува десетте жртви на 21-годишниот вооружен човек кој извршил серија убиства во неговото поранешно средно училиште во градот Грац, во она што се смета за еден од најлошите инциденти на насилство во модерната историја на земјата. Напаѓачот, чиј мотив сè уште е непознат, извршил самоубиство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Снимен момент од падот на авионот во Индија (ВИДЕО)