Полска нема да испрати своја војска во Украина

Сподели со своите пријатели

Полска нема да испрати своја војска во Украина дури и за воени мисии за обука, изјави денеска полскиот вицепремиер и министер за одбрана, Владислав Косињак Камис.

Loading...

„Знам дека некои земји би сакале да одат во Украина за воени мисии за обука. Позицијата на Полска е следна: ние веќе обучивме повеќе од 20.000 војници во Полска и се помина добро. Ќе продолжиме да го правиме тоа“, рече Камис во интервју за полското радио, пренесува РИА Новости.

Претходно директорот на руската служба за надворешно разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека Франција се подготвува да испрати 2.000 војници во Украина, наведува руската агенција.

Како што тврди Наришкин, Елисејската палата смета дека бројот на убиени Французи во Украина веќе надминал „психолошки значаен праг“ и оцени дека објавувањето на таквите податоци може да предизвика протести на француските граѓани.