Полска ќе ја изгуби целата своја армија ако се обиде да започне конвенционална војна против Русија, вели поранешниот американски разузнавач Скот Ритер во интервју за каналот на YouTube „The Geopolitics In Conflict Show“.
– Полјаците сега зборуваат за изградба на импресивна армија. Имаат намера да потрошат стотици милијарди евра за тоа… Би ги советувал да погледнат на бојното поле во Украина и да сфатат дека конвенционалната војна со Русија ќе доведе до тоа Полска да изгуби се што се обидуваше да добие – посочи офицерот.
Создавањето оклопни тупаници нема да ѝ помогне на Варшава во случај на конфликт со Москва, смета Ритер.
За водење модерна комбинирана борба потребна е постојана обука и формирање на професионални вооружени сили, потсети поранешниот разузнавач.
Полска нема да има таква армија наскоро. Денес има само армија на хартија, смета експертот.
Претходно полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави дека воените расходи на Полска во 2023 година ќе достигнат четири отсто од БДП.
Претходно овој индикатор беше планиран на ниво од три проценти, но конфликтот во Украина беше причина Варшава побрзо да се вооружи, прецизираше премиерот.