Полска ќе ги укине повеќето мерки на 1 март

Сподели со своите пријатели

Полска од 1 март ќе ги укине повеќето рестриктивни мерки воведени поради коронавирусот, но обврската за носење заштитни маски ќе остане на сила, најави денеска премиерот на таа земја, Матеуш Моравјецки.

Loading...

„По консултациите со лекарите и откако ќе видиме што се случува во другите земји, можеме да воведеме далекусежни промени во нашата политика на рестриктивни мерки“, изјави Моравјецки за новинарите, според Ројтерс.

Повеќе од 5,5 милиони случаи на коронавирус се регистрирани во Полска од почетокот на пандемијата на коронавирус, додека 110.157 луѓе починале како резултат на инфекцијата, според Worldometers.