Полска ја подигна својата авијација поради Русија

Сподели со своите пријатели

Полска синоќа ги подигна своите воздухопловни сили поради „интензивните“ акции на Русија во Украина, соопшти оперативната команда на полските воздухопловни сили.

Loading...

Во раните утрински часови полската армија соопшти дека во воздушниот простор на земјата се подигнати полски и сојузнички авиони и ги предупреди граѓаните дека може да има зголемено ниво на бучава во југоисточниот дел на земјата.

По неколку часа оперативната команда соопшти дека авионите се вратени во базите.

„Беше многу напната ноќ за целата противвоздушна одбрана на Полска“, се вели во објавата на мрежата Х.

Руската војска, како одговор на нападите на вооружените сили на Украина врз цивилни цели, редовно спроведува насочени напади врз позиции на персонал и опрема на вооружените сили на Украина и платеници, како и врз украинската инфраструктура.