Полска им се придружи на Чешка и Велика Британија во забраната на сите руски авиокомпании да влезат во нејзиниот воздушен простор.
„Наредив подготовка на резолуција на Советот на министри што ќе доведе до затворање на воздушниот простор над Полска за руските авиокомпании“, напиша премиерот Матеуш Моравјецки на Фејсбук во петокот.
Забраната стапи на сила на полноќ по локално време.
Чешка и Обединетото Кралство им забранија на сите летови регистрирани во Русија да летаат во нивниот воздушен простор или да слетуваат во нивната земја откако Русија ја нападна Украина.
Обединетото Кралство во саботата ја прошири забраната за сите руски приватни авиони.
Москва одговори со реципрочна забрана од Бритиш ервејс.

