Полската влада има намера да формира фонд од 1,75 милијарди долари за помош на бегалците од Украина, изјави во понеделникот владин претставник.
ОН проценуваат дека 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на рускиот напад на 24 февруари.
Повеќе од милион луѓе влегле во Полска преку копнената граница.
Русија ја прогласи Македонија за непријателска држава – на листата над 20 земји
Илјадници луѓе се сместени низ целата земја, но напорите за помош доаѓаат главно од невладини организации, волонтери и заедници.
Владата подоцна во понеделник треба да претстави закон за пакет помош за финансирање храна и привремено сместување за бегалците, заедно со мерките за да им се овозможи да работат легално и да имаат пристап до јавното здравство и социјалната заштита во Полска.
„Нашата првична претпоставка е дека фондот што ќе го основаме ќе биде 1,75 милијарди долари. Ова ќе ги финансира најитните набавки и сместување, но и пристапот до пазарот на трудот, социјалните бенефиции и образованието“, изјави министерот Лукаш Шрајбер за приватната радио станица Радио Плус во понеделник.
Украина тврди дека црноморското пристаниште Олvија било гранатирано
Нацрт-законот, кој исто така предвидува еднократна такса од 65 долари за секој бегалец и финансиска помош за Полјаците кои примиле Украинци во нивните домови, треба да биде одобрен од парламентот во вторник во забрзана законодавна процедура.