Полска ѝ понудила на Унгарија да ги напушти ЕУ и НАТО?

Сподели со своите пријатели

Заменик министерот за надворешни работи на Полска Теофил Бартошевски, по изјавите на унгарскиот премиер Виктор Орбан насочени против Полска, изразил сомнеж за неопходноста од членство на Унгарија во ЕУ и НАТО.

Loading...

Тој нагласил дека, за разлика од Орбан, неговата земја не прави бизнис со Русија по целосната инвазија на Украина, „бидејќи тоа беше напад врз Полска, САД, Европската унија и НАТО“, пренесува РТС, повикувајќи се на украинска Правда.

Бартошевски нагласи дека говорот на Орбан веќе бил многу негативно коментиран од американската амбасада во Будимпешта.

„Навистина не разбирам зошто Унгарија сака да остане членка на организации кои не ги сакаат толку многу и кои наводно лошо се однесуваат со нив. Ова се заснова на принципот дека ако не сакаш да бидеш член на клубот, секогаш можеш да си заминеш. Ова е дефинитивно антиевропска, антиукраинска, антиполска политика во моментов“, заклучи полскиот министер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кои се европските лидери што Маск ги критикува и какви се нивните одговори?

Претходно, за време на планираниот говор на летниот универзитет Тусвањос во романското одморалиште Баиле Туснад, Орбан тврдеше дека Полјаците „ја водат најлицемерната и најпосветена политика во цела Европа“, бидејќи тие наводно „бесрамно водат бизнис“ со Русија.

Односите меѓу Варшава и Будимпешта се заладија по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година поради различните ставови за овој конфликт.

Сепак, Орбан претходно не ја критикуваше отворено Полска.