Најголемиот ланец на продавници во југоисточна Европа за спортски суплементи, органска и здрава храна, фитнес облека и опрема, како и опрема за бокс и ММА, го најави отворањето на нова, трета продавница во Македонија.
Од 4 март љубителите на здравиот и активен живот ќе можат да купуваат производи од премиум брендовите во оваа индустрија и во Куманово, во делот познат како Скопски Дуќани. Познатите Under Armour, Optimum Nutrition, My Protein, Scitec Nutrition, Naturya, Garmin, Atleticore, Everlast, Bad Boy, Bad Girl, QNT, BSN, MVP, My Nutrition, TRX, Kineta и Zoe Leggings се дел од понудата која што ќе се најде на полиците во новата продавница на Polleo Sport.
Основната мисија на компанијата е константно поместување на границите во борбата против лошите навики, преку едукација за важноста која што здравата исхрана и физичката активност ја имаат за водење на квалитетен живот без болести и прекумерна телесна тежина.
Среќни сме што луѓето ја препознаа и ја прифатија оваа наша намера, приклучувајќи нѝ се во промовирањето на здрав и спортски стил на живот. Заедницата која што ние ја нарекуваме Polleo тим МК секојдневно расте, а ние правиме сè што е во наша моќ нејзините членови да бидат задоволни, затоа што на тој начин создаваме поздрави и посреќни генерации. – велат од Polleo Sport.
Со овој мотив во нивниот фокус, од компанијата обезбедија многу поволности за купувачите на денот на отворањето на новата продавница во Куманово – големи попусти, подароци и можност за добивање на Лав Клуб картички за лојалност кои овозможуваат купување со попуст во продавниците на Polleo Sport. Повеќе информации за настанот можете да добиете тука.
Polleo Sport е носител на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност. Долгорочните планови на компанијата вклучуваат многу активности за промоција на здрав и активен живот, и отворање на уште продажни центри низ Македонија.
Loading...