Полјански: Народ што преживеа Холокауст сега е подготвен да ги уништи Палестинците

Сподели со своите пријатели

Израел го крши меѓународното право и ги заборава лекциите од Холокаустот со својот план да ја преземе контролата врз Газа, предупреди првиот заменик-постојан претставник на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН.

Loading...

Сесијата се одржа откако израелската влада го одобри преземањето на Газа, предизвикувајќи бран осуди низ целиот свет.

Полјански истакна дека овој потег ќе ја продлабочи хуманитарната криза, ќе ја загрози можноста за решение со две држави и ќе претставува формално признавање на окупацијата.

„Остро ја осудуваме намерата на владата на Бенјамин Нетанјаху да ја окупира Газа“, рече тој, додавајќи дека Израел повторно ги игнорирал меѓународните апели и молбите од семејствата на заложниците што ги држи Хамас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ има барање до Трамп пред историската средба со Путин

Крокодилски солзи

Во Газа, судбината на околу 50 заложници, од кои се верува дека околу 20 се живи, сè уште е непозната, по нападот на Хамас во октомври 2023 година во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а 251 лице беа киднапирани.

Пољански го обвини израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар за лицемерие, тврдејќи дека „пролева крокодилски солзи“ поради судбината на заложниците, иако знаел дека владата планира операција за која, според него, веројатно ќе ги осуди на смрт.

Тој додаде дека не разбира како е можно нација што го преживеала Холокаустот сега да е подготвена да ги смести Палестинците „во гета“ и да се стреми кон нивно „целосно уништување“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Целта со Путин е да се утврди рамката на мировниот договор

Безбедносниот кабинет на Нетанјаху го одобри планот како дел од завршувањето на војната со Хамас, иако војската предупреди дека тоа може да ги загрози заложниците и да предизвика хуманитарна катастрофа.

Loading...