Политико: Трамп направи тактичка грешка во преговорите со Путин

Сподели со своите пријатели

Поранешниот функционер на американскиот Стејт департмент и почесен претседател на Советот за надворешни односи, Ричард Хас, оцени дека американскиот претседател Доналд Трамп направил „голема тактичка грешка“ за време на разговорите со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска, објавува Политико.

Loading...

Според неговите зборови, Трамп го исклучил од дневен ред барањето за итно прекинување на огнот во Украина, што, како што проценил, може да доведе до продолжување на војната.

„Ова најверојатно ќе ја продолжи војната“, рече Хас.

Разговорите лице в лице меѓу Путин и Трамп се одржаа на 15 август.

По средбата не беше потпишан никаков документ, но двајцата лидери оценија дека е постигнат „значаен напредок“ во решавањето на украинската криза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Донецк е толку важен за одбраната на Украина?

Американскиот претседател потоа изјави дека најдобриот начин за завршување на вооружениот конфликт е потпишување мировен договор, додека прекинот на огнот го оцени како недоволно сигурно решение, бидејќи, како што истакна, „тоа често не се материјализира“.