Политико: Орбан ќе се сретне со Путин во Москва

Сподели со своите пријатели

По неговото патување во Украина, унгарскиот премиер Виктор Орбан се очекува во петок да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Политико“, повикувајќи се на повеќе медиуми.

Loading...

Средбата ќе се одржи пет дена откако Унгарија е на чело на ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ, потсетува „Политико“.

Орбан треба да се сретне со Владимир Путин во Москва, како што најпрвин објавија унгарскиот истражувачки медиум VSquare, а подоцна и Фајненшл Тајмс и Радио Слободна Европа.

Орбан во Кремљ ќе го придружува и министерот за надворешни работи Петер Сијарто, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на владин извор.

На прашањето на Политико дали Орбан ќе се сретне со Путин, портпаролот на унгарското претседателство одби да коментира.

Претходно во текот на денот, Золтан Ковач, меѓународниот портпарол на Орбан, на новинарите криптички им рече дека Орбан е „надвор од мрежата“.

„Нема да ви кажеме однапред што има намера“, рече тој во Будимпешта на прашањето дали е планирано патување во Москва.