Политико: Орбан има се повеќе поддржувачи кои го поткопуваат единството на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Секој ден станува се поочигледно: Виктор Орбан не само што не е изолиран на меѓународната сцена, туку добива и нови сојузници.

Loading...

Подемот на десничарските движења го загрозува единството на Европската унија, вклучително и дополнителна помош за Украина.

Досега Брисел наоѓаше начини да постигне договор со Унгарија, но поголема, порешителна група на неволни влади ќе биде многу потешко да се задржи, пишува Политико.

Виктор Орбан не е толку изолиран на светската сцена како што би сакале неговите ривали.

Унгарскиот лидер успеа да создаде коалиција на истомисленици кои ја споделуваа неговата стратешка цел, а новата екстремно десничарска евроскептична група „Патриоти за Европа“ под негово водство стана третиот најголем блок во Европскиот парламент, што е извонредна достигнување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Шкотска синоќа забележани -18,7 степени, најниска температура од 2010 година

Создавањето на „Патриоти за Европа“ покажува дека Орбан има доволно сојузници во ЕУ за да го поддржат создавањето на „Европа на национални држави“.

Тоа сугерира дека екстремно десничарските групи во ЕУ ја поддржуваат таа визија повеќе од кога било досега и претставуваат директен предизвик за помалку радикалниот популизам предводен од италијанскиот премиер Џорџa Мелони.

Политичките аналитичари предупредуваат дека бројот на поддржувачи на Орбан само ќе расте со текот на времето, бидејќи неколку национални избори планирани во наредните месеци и години имаат потенцијал да воведат нови влади на крајната десница.

Loading...

Така, избори во септември ќе има во Австрија, каде во моментов води екстремно десничарската Австриска Партија на слободата, а есента следната година во Чешка, каде главен фаворит е националистичката партија „Акција на незадоволните граѓани“ .

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен сè уште не добила покана за инаугурацијата на Трамп

„Ваквите случувања ризикуваат да ја нарушат кохезијата на ЕУ во клучните области, пред се буџетот на ЕУ, проширувањето на блокот и надворешната политика – особено кога станува збор за Украина“, наведува Политико.

ЕУ досега наоѓаше начини да ги избегне повеќекратните вето на Орбан за Украина, „но ќе биде многу потешко да се заузда поголема, порешителна група на неволни влади“.