Европската комисија (ЕК) во следните две недели ќе претстави документ со кој избегнувањето на санкциите ќе стане кривично дело, што ќе им помогне на земјите-членки да го конфискуваат имотот замрзнат како дел од санкциите против Русија, изјавија денеска двајца функционери запознаени со предлогот.
Зеленски: Ако Украина беше членка на НАТО, сега немаше да има војна
Комисијата ќе го поднесе предлогот во рамките на одредбите од договорот што им овозможува на земјите, во координација со Европскиот парламент, да воспостават минимални правила во врска со дефинирањето на кривични дела и санкции во областите на особено сериозно кривично дело со прекугранична димензија.
Овој потег ќе им обезбеди на земјите правна основа за конфискација на имотот, рекоа официјалните лица.
Што ќе значи ако Финска влезе во НАТО: Зошто го сакаат тоа и дали тоа ќе има последици?
Земјите од Европската унија (ЕУ) од април замрзнаа речиси 30 милијарди евра имот, вклучувајќи јахти, вили и уметнички дела на поединци и компании кои се под санкции, а порталот наведува дека сумата е веројатно уште поголема, пренесува Данас.
Прашањето што да се прави со тој имот може да се остави на поединечни држави, вели еден од соговорниците на Политико, истакнувајќи дека продолжуваат дискусиите за тоа дали тие пари треба да се пренасочат во Украина.