Политико: ЕК ќе препорача кандидатски статус за Украина

Сподели со своите пријатели

Европската комисија (ЕК) ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја кандидат за членство во ЕУ, пишува бриселскиот портал Политико, повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори.

Loading...

Еврокомесарите разговараа за ова прашање вчера, а по ненадејната посета на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен во саботата на Украина.

„Комисијата не заборава дека Украина е единствената земја во Европа каде што умираат луѓе, каде што се пука во луѓето затоа што носат знамиња на ЕУ на улиците“, рече еден висок функционер.

Тој додаде дека сега на Украинците не може да им се каже „извинете, веевте погрешни знамиња“.

Потребен е консензус од 27 шефови на држави и влади за да и се додели кандидатски статус на Украина на состанокот на Европскиот совет следната недела.

Сепак, официјални лица и дипломати велат дека најмалку три земји се против давање кандидатски статус на Украина.