Настапот на демократскиот претседателски кандидат Џозеф Бајден на дебатата со противкандидатот Доналд Трамп ги вознемири демократите до тој степен што поединци „сериозно“ ја разгледуваат можноста да го заменат на листата, објави денеска Политико.
Тројца стратези блиски до тројцата потенцијални демократски претседателски кандидати, кои зборуваа под услов да останат анонимни, рекоа дека нивните мобилни телефони „запалиле“ за време на вчерашната дебата со молби друг кандидат да излезе како алтернатива на Бајден.
Еден советник рече дека „не е многу можно доколку Бајден не се повлече“.
Еден поддржувач на Бајден рече дека е време претседателот да ја заврши кампањата и дека дебатата е „најлошата изведба на Бајден досега“.
„Бајден беше толку лош што никој нема да обрне внимание на лагите на Трамп. Бајден мора да се повлече, нема сомнеж во тоа“, рече тој.
Поддржувачите на Бајден се надеваа дека дебатата со републиканскиот кандидат Доналд Трамп ќе ја „смири загриженоста“ дека 81-годишникот е премногу стар за да одработи уште еден мандат, но неговиот „рапав глас и неизвесен настап“ го направи спротивното.
За некои демократи, Бајден не уназади во својата изведба.
Претседавачот на кампањата на Бајден, Џен О’Мали Дилон рече дека Бајден „претставил позитивна и победничка визија за иднината на Америка“, додека Трамп понудил „темна слика за тоа како ќе изгледа Америка ако се врати во Белата куќа“.
Демократскиот консултант Стефани Катер рече дека Бајден е демократскиот кандидат и тоа нема да се промени поради една дебата.
„Мораме да се смириме и да останеме фокусирани, бидејќи Трамп сигурно не освои ниту еден гласач вечерва“, смета таа.