Коалицискиот споразум на контроверзниот блок на германската канцеларка Ангела Меркел и две помали партии, кој најавува денеска за 18 часот, не се одржа, што наговестува дека преговорите на потенцијалните коалициски партнери влегуваат во ќорсокак, пред се поради спорните прашања за имиграциската политика и климатските промени.
Очигледно е дека Христијанско-демократската унија (CDU) на Ангела Меркел и нејзината сестринска баварска Христијанско-социјална унија (CSU), Слободна демократска партија (FDP) и Зелените не успеале да се согласат во врск асо болните компромиси кои се неопходни за да се заклучат преговорите, кои по се изгледа продолжуваат, пишува Ројтерс.
Неуспехот на преговорите би можел да предизвика најлоша политичка криза во Германија по повеќе децении, имајќи го предвид соопштението на Социјалдемократската партија која вели дека ќе премине во позиција откако на изборите го освои второто место.
Меѓу опциите се, во тој случај, нови избори или малцинска влада, што би бил преседан во повоената историја на Германија, оценува британската агенција.
Дури и ако има нови избори, анкетите моментално наговестуваат едка би довеле до формирање на парламентот сличен на сегашниот, што напорите во цел формирање нова Влада би ги направил многу тешки, оценува АП.
Новите избори не би оделе од рака на ниту една од партиите кои моментално преговараат, затоа што стравуваат дека тоа би можело да донесе нови поени на крајот десничарската Алтернатива за Германија откако во септември влезе во парламентот, заклучува Ројтерс.