Политичарите живеат подолго од граѓаните што ги претставуваат

Сподели со своите пријатели

Политичарите живеат подолго од граѓаните што ги претставуваат, покажа меѓународната студија на британски и австралиски научници.

Loading...

Разликата во животниот век на политичарите и населението во Швајцарија е најмала со три години, а најголема во САД со седум години.

Во моментот кога има 45 години, политичар во Австрија може да очекува да живее уште 40,1 година, додека на иста возраст од општата популација му претстојат 36,2 години живот.

Тоа значи дека животниот век на политичарите е за 3,9 години подолг од остатокот од населението.

За потребите на студијата анализирани се податоците на 2.664 пратеници од 1918 до 2017 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Се испоставиlo дека политичарите кон крајот на 19 и почетокот на 20 век во речиси сите земји имале сличен животен век како општата популација.

Во текот на 20 век, разликите се зголемиle.

Разликата во животниот век на политичарите и населението во Швајцарија е најмала со три години, а најголема во САД со седум години.

Loading...

Научниците објаснија дел од разликата во животниот век во 11 земји со натпросечните примања на политичарите.

Меѓутоа, анализата покажува дека и други фактори се важни бидејќи разликата во животниот век почнала да се забележува половина век пред да дојде до дисбаланс на приходите.