Мачорот Лари е во „функција“ на Даунинг стрит веќе десет години и под негово „владеење“ биле тројца британски премиери.
Сепак, не било сè лесно за тиграсто-белата мачка сè додека не го преминала прагот на резиденцијата на премиерот на Велика Британија, точно на 15 февруари 2011 година.
Лари го напуштил засолништето на четиригодишна возраст и неговата прва мисија во срцето на британската влада била ловење глувци.
A stalwart of the British political scene, Larry the Cat has ruled the roost in Downing Street for a decade, serving three prime ministers and becoming a legend in his own naptime https://t.co/n6yQDMq6Og pic.twitter.com/ztm736J1NW
— AFP News Agency (@AFP) February 13, 2021
Избран заради неговиот вистински предаторски инстинкт, Ларбил беше прогласен за „главен ловец на глувци“, а неговите претходници немале чест да ја имаат таа титула.
Очекувањата на владата биле големи, но Лари сепак разочарал некои. Иако тогашниот премиер Дејвид Камерон го пофалил што фатил три глувци во првите месеци, успехот на Лари не е голем. Сепак, мачката останала.
Во неговата биографска белешка на официјалната веб-страница на британската влада е наведено дека Лари успеал да ги освои срцата на јавноста, и додека ги чекаат изјавите на службените лица пред резиденцијата, новинарите со задоволство му нудат некои ужинки и го галат.
I know how much you love seeing pictures of me – so please thank@justin_ng@PoliticalPics@imageplotter@PjrFoto
and all the other brilliant and dedicated photographers that share their pictures of me on here #Larryversary pic.twitter.com/vo1P8jKfl9— Larry the Cat (@Number10cat) February 15, 2021
Лари има и задача да го испроба стариот мебел за своите дремнувања. Што се однесува до лов на глувци, во моментов тој е во фаза на „тактичко планирање“.
Кога Камерон поднесе оставка во 2016 година по референдумот за излегување на Велика Британија од Европската унија, премиерот замина, но мачката остана.
Лари тогаш ќе живее со Тереза Меј, а сега со Борис Џонсон.
The key thing to remember is that I live here permanently, the politicians just lodge with me for a bit until they’re fired. They all work out sooner or later that it’s me that runs the place… #Larryversary pic.twitter.com/5QJhZrrE5D
— Larry the Cat (@Number10cat) February 15, 2021
Мачката одбива интервјуа, но сепак напиша книгата, со помош на новинарите. Тој е многу активен на Твитер, каде има профил и повеќе од 430.000 следбеници.
Кој стои зад тој профил?
Не е познато, но Лари инсистира на тоа дека никој од човечката раса не му помага да напише порака на Твитер.
Во изјава за Франс прес во врска со тајната на неговата долговечност, Лари рече дека тој постојано е во престој додека политичарите само минуваат.
– Треба да се потсетиме дека живеам тука цело време, политичарите остануваат со мене додека не бидат отпуштени. Порано или подоцна, овие политичари сфаќаат дека јас сум всушност шефот – изјави Лари.