Политичарите денеска го остварија своето право на глас во Општина Куманово, секој за својата партија, секој по свое убедување.
Во своите изјави амбициозни, но сите посакаат мирен и демократски изборен процес.
Пред се ние, поддршка за овој ден имаме и од Господ, времето е убаво многу потопло за разлика од сите оние други денови. Македонскиот народ покажа зрелост, така да очекувам денеска мирен и успешен изборен ден каде што волјата на народот на крај ќе се види за подобра и поуспешна Македонија – Зоран Ѓорѓиевски.

Денеска очекувам Македонија да победи, да победи демократија, слободоумните граѓани, да се изјаснат сите. Повикувам масовен одзив, граѓаните треба да одлучат кој во нивно име ќе ја води државата во следните четири години, посакувам успех на сите, првенствено на оние кои имаат искрени намери, чесно и достоинствено да ја предводат оваа држава и да направат убаво место за живеење на сите – Максим Димитриевски.


Оваа е историски момент за република македонија граѓаните на република македонија заслужуваат праведно и правично општество , но најважно од се е денеска да се изрази слободна воља на граѓаните на република македонија за подобра иднина и за живот внатре во Македонија – изјави Оливер Спасовски.

За мене се едни од најважните избори во независна Македонија, јас многу често во моите изјави велев дека се поважни од референдумот, бидејќи на овие избори пред очекувам да бидат слободни, фер и демократски, јасно изразена волја на граѓаните, на кои граѓаните ќе се изјаснат каква Македонија сакаат во наредниот период. Дали сакаат Македонија каква ја имаме сега, или сакаат Македонија која ќе биде слободна, демократска и проевропски – изјави Дамјановски.



